Сетиен излезе со позитивни вести: Сѐ е во најдобар ред, Меси ќе игра против Мајорка

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Кике Сетиен, најави дека ќе смета на првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, на денешниот натпревар против Мајорка во рамки на 28. коло од шпанскиот фудбалски шампионат.

Капитенот на Барселона имаше мала повреда на мускулот на десниот бут, но сега се било во ред со него.

Меси се чувствува добро. Не гледам причина што може да го спречи да биде дел од натпреварот против Мајорка. Не знам дали ќе може да го одигра целиот натпревар, но Луис Суарез е исто така подготвен. Може да започне како стартер или да се појави како резерва, рече Сетиен на прес-конференцијата пред мечот.

Натпреварот помеѓу Мајорка и Барселона е вечерва во 22.00 часот по македонско време.