Се тресе клупата на Лопетеги: Атлетико славеше кај Севилја (ВИДЕО)

Севилја останува во долниот дел од табелата во Ла Лига откако вечерва запиша нов пораз и тоа од Атлетико Мадрид со 0-2 во рамки на 7.коло. 

Маркос Љоренте ги доведе гостите во водство од 0-1 во 29.минута, а точка на победата стави Алваро Мората во 57.минута. 

Атлетико сега има 13 бодови на 5.место на табелата во Ла Лига, додека Севилја е 16-та со само пет освоени бодови.