„Сè додека Нејмар сака да се врати, ќе направиме сè да дојде во Барса“

Шпанска Барселона не се откажува од опцијата да го врати најскапиот светски фудбалер Нејмар на „Камп Ноу“, откако еден од клупските директори Хавиер Бордас објави дека сè додека има желба Бразилецот да се врати, Каталонците ќе се обидуваат да го донесат.

Барселона летово сакаше да го врати Нејмар, но не успеа во обидите откако ПСЖ поставуваше (не)реални услови за трансфер, па секоја понуда од Каталонците практично ја одбиваше до крајот на преодниот рок.

„Сè додека има желба кај Нејмар да се врати, ние ќе направиме сè за тоа да се оствари“, вели Бордас.

Бордас беше дел од делегацијата на Барса, заедно со спортскиот директор Ерик Абида, кои во Париз преговараа летово за ангажман на Нејмар, но обидот пропадна, па сега прашање е дали во јануари ќе има нов обид.

„Ќе видиме. Во фудбалот сè е можно. Но, Нејмар е Нејмар“, додава Бордас.