Сари и спортскиот директор на Јувентус заминуваат во ист клуб од Серија А!? (ФОТО)

Јувентус го отпушти Маурицио Сари во текот на вчерашниот ден, а како негова замена го постави Андреа Пирло, но очигледно искусниот стратег нема да чека долго за нова работа.

Сари, наводно, ќе седне на кормилото на Рома, а друштво во клубот од Рим ќе му прави спортскиот директор на „Старата дама“, Фабио Паратичи.

Италијанските медиуми пишуваат дека преговорите се почнати меѓу екипата и тренерот, а наскоро се очекува Сари да биде поставен за стратег на Римјаните.