Сари е веќе поранешен, Јувентус за новиот тренер ќе „војува“ со Барса и Интер?!

Синоќешната елиминација од Лион уште во осминафиналето од Лигата на шампионите најверојатно ќе биде причината поради која Маурицио Сари наскоро ќе стане поранешен тренер на Јувентус, тврди телевизискиот канал „Спорт Италија“.

Жестоки критики доаѓаат на сметка на стратегот на составот од Торино и покрај фактот што неодамна ја освои титулата во Серија А. Триумф во ЛШ е желбата на управата на Јуве, а испаѓањето уште на стартот од елиминациската фаза е нешто што апсолутно никој во клубот не очекувал.

Италијанските новинари тврдат дека Сари во следните неколку дена ќе добие отказ, по што „бјанконерите“ ќе влезат во трка по Маурицио Покетино. Битката да се добие неговиот потпис ќе биде жестока, со оглед на претходните шпекулации дека за него веќе сериозно се заинтересирани уште два други гиганти, Барселона и Интер.