Сари: Ако не победиме, ќе ги убијам моите фудбалери

Маурицио Сари им се „закани“ на своите фудбалери пред дуелот со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.

Тимот од Торино веќе го обезбеди пласманот во осминафиналето, но тренерот и покрај тоа сака победа. Сари е во серија од 21 натпревар во Европа без пораз, па сака низата да продолжи и во Леверкузен.

„21 натпревар по ред во Европа? Некаде прочитав дека тоа е најдолга низа во Европа. Ако играчите утре не победат, ќе ги убијам. Јасно дека во оваа низа најмногу го паметам финалето во Лигата на Европа со Челси, кое и го освоивме“, рече Сари.