Санчез подготвен да ги разочара навивачите на Барселона

Едно е јасно, Алексис Санчез кариерата нема да ја продолжи во Арсенал. Неговиот договор истекува во јуни, па Чилеанецот е подготвен да си замине, но останува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата.

Засега не е јасно дали Санчез ќе си замине од Арсенал во јануари или во јуни, но сигурно заминува. Голем број на клубови се заинтересирани за неговиот потпис. ПСЖ, Манчестер сити, Челси, Баерн Минхен, Јувентус и последниот во низата е Реал Мадрид. 

„Кралевите“ се сериозна опција за Чилеанецот, бидејќи во него гледаат идеално засилување во нападот со оглед на кризниот период кој ги зафати Кристијано Роналдо и Карим Бензема, а тука секако и вечно повредениот Герет Бејл.

Зинедин Зидан инсистира на Санчез, со оглед на фактот дека е универзален напаѓач. Може да игра на крилните позиции, а може да биде и најистурен во нападот. Ова сигурно нема да им се допадне на навивачите на Барселона, бидејќи Санчез три сезони го носеше дресот на каталонците.