„Сан“: Реал му нудел 12 милиони фунти на Мурињо за да не го преземе Тотнем

Англиски „Сан“ објави информација дека Реал Мадрид му понудил на Жозе Мурињо околу 12 милиони фунти само за да не ја прифати понудата на Тотнем.

Португалецот долго време се поврзуваше со тренерското место во Мадрид, но Зинедин Зидан ги подобри резултатите, па тие не можеа да го отпуштат.

Поради тоа „кралевите“ сакале да му платат големо богатство на Мурињо да почека и да го замени Зидан доколку влезе пак во криза.

Сепак, „Сан“ пишува дека Мурињо долго време ја следел ситуацијата во Тотнем и контактирал со газдата на Тотнем, Даниел Леви, па го чекал отказот на Маурицио Покетино.