Сампдорија одамна испадна, но лавовски се бори до крај! (ВИДЕО)

Сампдорија одигра 2-2 на свој терен против Сасуоло, момците на Дејан Станковиќ го даваат максимумот и покрај тоа што се веќе испаднати и нема за што да се борат.

Не само фудбалерите, туку и навивачите на Сампдорија го даваат максимумот, тие приредија прекрасна атмосфера на „Мараси“ на денешниот меч од Серија А.

Сампдорија поведе уште во осмата минута со гол на Габиадини, но по само три минути веќе Сасуоло водеше со 2-1.

Берарди во деветата минута израмни на 1-1, а Енрике во 11. минута погоди за комплетен пресврт и предност на Сасуоло.

Гостите долго време ја чуваа предноста, конечно во 78. минута Сампдорија изедначи на 2-2 со автогол на Ерлиќ.