Само бод за Јувентус против Парма (ВИДЕО)
Парма прва стигна до водство со голот на Ел Прато по само три минути игра, додека Јувентус се врати преку Вестон Мекени кој ја погоди мрежата на гостите по половина час игра.
Но, Парма продолжи со добрата игра и со голот на Симон Сом стигна до ново водство, па на одмор се замина со резултат 1-2.
Тргна офанзивно Јувентус од самиот старт во второто полувреме и брзо стигна до второ израмнување. Консесисао го пронајде Веа во петерецот кој успеа да ја смести топката во мрежата.
До крајот на натпреварот Јувентус беше поконкретен посебно во завршницата, но на моменти се закануваше и Парма, сепак резултатот не се промени.
Во вториот натпрева во историот термина Аталанта ја совлада Монца со 2-0 со головите на Самарџиќ и Запакоста.