Салах поради божиќна елка нападнат и наречен – предавник на муслиманите (ФОТО)
Причина за нивниот гнев, искажан во вид на коментари под неговата објава на Инстаграм, е фактот што тој, според нив, извршил „харам“ што е арапски збор за нешто недозволено.
„Засрами се, го издаде исламот. Ти си муслиман и не ти е дозволено да го славиш Божиќ. Самиот го знаеш тоа! Ова не е наш празник. Повеќе не си гордост на Арапите. Засрами се од сопственото име. Живеам во САД веќе 20 години и никогаш не сум го славел Божиќ. “, се дел од коментарите по објавата на Салах.
Неговиот пост на Инстаграм доби скоро 2,5 милиони лајкови, а под него има и повеќе од 50.000 коментари. Не се сите негативни, бидејќи има голем број во кој му честитаат на Египќанецот на желбата да покаже дека ги почитува и другите религии.