Сакаше фризура како Кристијано, а доби „полумесечина“ како вистинскиот Роналдо! (ВИДЕО)

Во време на изолација, многумина се принудени сами да се грижат за својот изглед и фризура, а тоа им се случува и на фудбалерите, како и на нивните навивачи.

Имено, едно момче, кое на себе го носеше дресот на Челси, на својот татко му кажал дека сака да има фризурата како Кристијано Роналдо и да му ја скрати косата. Но, откако таткото ја зел машинката за шишање - целосно го шокирал синот.

По неколку минути момчето заминало пред огледалото и буквално во неверување се шокирало кога видел што му направил татко му на главата.

Наместо фризурата на Кристијано Роналдо, тој добил „полумесечина“ како што се ишиша Бразилецот Луис Назарио да Лима Ронладо за време на Светското првенство во 2002 година.

Од друга страна, таткото се „згази“ од смееше сакајќи да му докаже на својот син дека во светот постои само еден вистински Роналдо.