Роналдо втор ден по ред не се појави на тренингот на Манчестер Јунајтед!

Кристијано Роналдо и денеска, втор ден по ред, нема да се појави на тренингот на Манчестер Јунајтед по вчерашниот старт на подготовките за новата сезона, а образложението се уште е дека тоа се случува од – семејни причини.

Според англискиот новинар, Дејвид Орстејн, нејасно е кога и дали воопшто Португалецот ќе се приклучи на тренинзите на Јунајтед, кој в петок заминува на турнеја во Тајланд и Австралија.

Роналдо неодамна им соопшти на „ѓаволите“ дека сака да си замине од клубот, кој веднаш му одговори дека ќе мора да си доработи договорот на „Олд Трафорд“, па со неговите отсуства од тренинзите се јавува сомнеж дека тоа го прави намерно со цел да изврши притисок да биде продаден.