Роналдо, Салах, Кејн во втор план: Гвардиола кажа кој е најдобар во Премиерлигата!

Прашањето за тоа кој е најдобар фудбалер во моментов во Премиерлигата отвори голема дебата во јавноста, а последен кој ѝ се приклучи беше тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег по завчерашниот триумф над Астон Вила го кажа името на својот фаворит, со што ги изненади сите бидејќи не ги спомена Кристијано Роналдо, Мо Салах или Хари Кејн, туку неговиот фудбалер, Бернардо Силва.

„Силва е најдобриот, немам дилема околу тоа. Кога освоивме 98 бодови во сезоната 2018/19, тој исто така беше најдобар. Има посебен квалитет да прави буквално што сака со топката. Денеска е истиот каков што беше пред две или три години“, изјави Гвардиола по значајната победа.

Силва го носи дресот од 2017 година, а неговиот договор со „граѓаните“ завршува во 2025 година. Летово, по доаѓањето на Џек Грилиш, имаше шпекулации за негово заминување, но последните пофалби од тренерот покажуваат дека тој уште долго ќе игра во дресот на Сити.