![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2022/11/30/185425-ronaldo-pred-potpis-na-najbogatiot-dogovor-na-site-vreminja-200-milioni-evra-godishno.jpg?itok=5YX1Y01T)
Роналдо пред потпис на најбогатиот договор на сите времиња – 200 милиони евра годишно!
Тој долго време ги одбиваше арапските пари, сакајќи да игра во Европа и да се бори за трофеи, но по неславниот крај на соработката со Манчестер Јунајтед, од каде што присилно си замина по интервјуто во кое ги нападна сите во клубот, најверојатно ќе си „легне на брашното“. Понудата на Саудијците е нешто досега невидено не само во фудбалот туку и во спортот воопшто и Роналдо најверојатно ќе ја прифати со цел да стане најплатен спортист на сите времиња.
Шпекулациите се дека Португалецот со Ал Наср договорил две ипол годишна соработка што значи дека би инкасирал фантастични 500 милиони евра.