Роналдо: Полесно се даваат голови во Шпанија отколку во С. Арабија - прашајте ги и другите!

Кристијано Роналдо смета дека сега да играл во Шпанија ќе давал повеќе голови отколку што постигнува во Саудиска Арабија.

Во новото интервју кај Пирс Морган, Роналдо меѓудругото зборуваше и за тоа колку е тешка саудиската лига.

„За мене полесно е да давам голови во Шпанија, во Ла Лига отколку во Саудиска Арабија“, вели Роналдо.

„Зошто не ги бројат головите во лигата на Саудиска Арабија во изборот за Златна копачка? Зошто?“.

„Прашајте ги другите фудбалери колку е тешко да се игра тука во Саудиска Арабија, можеби мислат дека ова го велам од мои сопствени причини. Но, прашајте ги другите“.

„Ако играв во Премиер лигата сега, ќе постигнев ист број на голови како и тука“.