Роналдо му направи проблеми на Јувентус – сега сите ѕвезди бараат поголема плата!?

Кога Кристијано Роналдо ланското лето дојде во Јувентус и ги стресе Апенините, многу стручњаци посочија дека „старата дама“ фрла беспотребно премногу пари (117 милиони евра за трансфер, па 30 милиони евра годишно), но финансиските извештаи покажаа дека „бизнисот е исплатлив“. Но, доаѓањето на Португалецот отвори други проблеми.

Роналдо според финансиските извештаи на ториснкиот великан, на Јувентус му ги зголемил приходите од маркетинг за 56 милиони евра за една година, а допрва се очекува „старата дама“ да го достигне пикот и да заработува уште повеќе. Но, во Јувентус воопшто не сметале дека ангажманот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе отвори други проблеми во соблекувалната.

Но, не станува збор за кланови или нетрпеливост, туку сега поголем дел од фудбалерите за нова соработка бараат драстично поголеми плати. Прв што го искористи моментот со доаѓањето на Роналдо е Леонардо Бонучи, кој завчера потпиша нов договор и доби за два милиони евра повеќе пари, од 5,5 милиони годишно на 7,5 милиони евра годишна плата. Наскоро, како што објавуваат италијанските медиуми, сериозни зголемувања ќе бараат уште неколку други исклучително важни играчи на тимот за кои Јувентус смета дека е неопходно со нови договори да ги задржи во своите редови. Според најавите први на листата за продолжување на договорите по подобрени услови се Хуан Квадрадо (до 2022) и голманот Војчех Шчесни (до 2024 година).