Роналдо му го подари дресот од рекордната ноќ на Секулов (ФОТО)

Кристијано Роналдо минатата вечер урна два рекорди, а по мечот дресот од натпреварот против Лацио (2-1) му го подари на македонскиот фудбалер Никола Секулов.

Роналдо вчера ја мина границата од 50 голови во италијанската Серија А и стана првиот фудбалер на кој такво нешто му успеало уште и во Премилигата и Ла Лига, а исто така Португалецот го урна и рекордот на Андриј Шевченко за најбрзо постигнати 50 погодоци, па ова е голема чест за македонскиот играч кој доби злато вреден дрес.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Doppietta di @cristiano e si vola!!🔥😍⚽️ @juventus

A post shared by Nikola Sekulov (@nikosekulov) on