Роналдо љубезно го одбил Реал Мадрид да се врати на „Сантијаго Бернабеу“

Во шпанските медиуми вчера се појавија информации дека Кристијано Роналдо ќе направи кам-бек на „Сантијаго Бернабеу“ барем за кратко и ќе присуствува на дербито помеѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс, што се игра на 9 декември во рамки на реванш финалниот натпревар од Копа Либертадорес. 

Според најновите шпекулации, Роналдо сепак ја одбил поканата на Реал Мадрид да биде специјален гостин во Мадрид и да седи до Лионел Меси во претседателската ложа. 

„Рано е да се врати на 'Бернабеу'. Врската со клубот остана недопрена по неговото заминување изминатото лето. Роналдбо беше почестен што Реал Мадрид и КОНМЕБОЛ го поканија на дуелот и да седи крај Лионел Меси, но за жал тоа нема да се случи овој пат“, вели извор близок до фудбалерот за шпанските медиуми.

 За разлика од Португалецот, Лионел Меси го потврдил своето присуство на големото дерби и ќе ги гледа најголемите аргентински ривали во живо на „Бернабеу“.