Роналдо го носи Марсело во Јувентус

Шампионот на Италија, Јувентус, заинтересиран е за трансферот на фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативецот на Бразил, Марсело.

Големо влијание во целиот трансфер би можел да има новиот фудбалер на клубот од Торино, Кристијано Роналдо, кој е голем пријател со Марсело, долгогодишниот соиграч во Реал.

Марсело има важечки договор со кралскиот клуб до 2022 година и заработува 11 милиони евра годишно, а за неговиот откуп Јувентус е подготвен да понуди 60 милиони евра.

Бразилецот пред Реал Мадрид играше за Флуминенсе во татковината, а за репрезентацијата собра 58 настапи.

Инаку, Марсело во четвртокот се збогува од Кристијано Роналдо на Инстраграм и на крајот напиша „наскоро повторно ќе бидеме заедно“.