Роналдо доби специјален дрес за јубилејот „700 голови“ и веднаш погоди (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо изминатата недела го постигна 700-тиот гол во кариерата и тоа во дресот на португалската репрезентација против Украина во евроквалификациите.

Неговиот клуб Јувентус го одбележа јубилејот со специјален дрес, а Португалецот веднаш врати со погодок во мрежата на Болоња.