Рома е убедена дека ќе постигне договор со ѕвезда на Челси

Кариерата на Педро Родригез во Челси е завршена, бидејќи неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната, а ниту клубот, ниту фудалерот не сакаат соработката да продолжи.

Шпанецот сака да си замине од Англија, а се чини дека Рома е следниот негов клуб. Италијанците веќе се во напредни преговори со менаџерот на крилниот напаѓач.

Интерес за Педро има и во неговата татковина од тимовите на Севилја, Валенсија и Бетис. За пет години минати на „Стемфорд Бриџ“ тој освои Премиерлига, ФА Куп и Лига на Европа, а запиша 43 голови и 28 асистенции на 201 натпревар.