Рој Кин ги обвини фудбалерите поради Мурињо: Се извлековте со убиство, срам да ви е! (ВИДЕО)

Една од ретките личности, која застана на страната на Жозе Мурињо по отказот од Манчестер јунајтед, беше легендарниот Рој Кин кој ги критикуваше фудбалерите.

Кин ги обвини фудбалерите на Јунајтед дека намерно не играле добро за да обезбедат отказ за Мурињо и потоа се жалеле дека не ги предводи како што треба, а всушност и тие биле виновни за резултатите.

„Се извлековте со убиство, јас тоа така би го нарекол. Јасно е дека го уништија Мурињо. И потоа луѓето велат дека Жозе се карал со нив. Па, секој нормален тренер би се карал со фудбалер, кој на подготовките доаѓа со премногу килограми и кој не се труди на тренинзите“, вели Кин.

Кин кажа дека не е фан на Мурињо, но смета дека фудбалерите на „ѓаволите“ треба да се срамат од нивните настапи за клуб каков што е Јунајтед.

Да потсетиме, Мурињо пред неколку дена доби отказ од Јунајтед по очајните резултати и поради конфликтот со управата на клубот, а на негово место беше поставен Оле Гунар Солскјер како привремено решение.