Робен: Гвардиола е далеку најдобриот тренер со кој сум работел

Арјен Робен летово ја заврши фудбалската кариера, па во интервју почна да ги коментира своите поранешни трениери. 

Холанѓанецот играше во ПСВ, Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен, а го тренираа најголемите тренерски имиња во фудбалот. Од Жозе Мурињо, до Карло Анчелоти, Луи ван Гал и Пеп Гвардиола. Според него, Гвардиола е убедливо најдобриот тренер со кого работел.

„Тешко е да се одбере еден тренер, бидејќи имам работено со големи стратези низ кариерата и бев многу успешен. Но ако ме прашувате кој е најдобриот тренер, ќе речам Пеп Гвардиола. Најмногу уживав со него. Кога тој дојде во Баерн, веќе имав 30 години и се обидував да не паднам во формата, туку да ја одржувам на исто ниво. Но под негово водство, јас станав подобар фудбалер. Одеднаш почнав да играм на нови позиции, каде мислев дека е невозможно да играм. Тој едноставно е најдобриот тренер со кој сум работел“, вели Робен.