Ремонт во Арсенал: Артета отпиша дури девет фудбалери

Шпанскиот стратег Микел Артета во својата прва сезона успеа да го освои трофејот во ФА-купот заедно со Арсенал.

Јасно е дека Арсенал не делува како екипа каква што ја замислува Артета, па поради тоа Шпанецот во следниот период ќе се ослободи дури од девет фудбалери.

„Дејли Мејл“ ја објави листата на фудбалери кои ќе заминат од тимот, а тоа се Сеад Колашинац, Белерин, Лаказет, Сократис, Гендузи, Тореира, Миктаријан, Мустафи и Холдинг.

Клубот се обидува да се ослободи и од Месут Озил, кој е наплатен фудбалер во клубот, но Германецот нема намера да го напушти Арсенал.