Реконструкцијата на Манчестер јунајтед започнува со продажбата на Ромелу Лукаку

Ромелу Лукаку нема иднина во Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солшер. Голгетерот летово со сигурност ќе биде продаден. 

Еден од најзаинтересираните клубови да го доведе во своите редови е Интер, кој е во потрага по нов напаѓач, ако се знае дека Мауро Икарди ќе биде продаден. Цената на Белгиецот моментално е околу 50 милиони евра, а „нераѕурите“ би го финансирале овој трансфер со продажбата на Аргентиенцот.

Проблем за реализација на овој трансфер може да биде само високата плата на Лукаку. Тој во Манчестер јунајтед моментално заработува 10 милиони евра, па ако се знае дека Интер и Икарди се скараа, бидејќи фудбалерот бараше девет милиони евра по сезона, тогаш Лукаку ќе мора да се согласи на нешто помали примања.