Реал никогаш поосакатен: Азар во последен момент отпадна за дуелот против Мајорка

Екипата на Реал Мадрид вечерва игра против играта на Мајорка во рамки на деветтото коло од  шпанска Ла Лига.

Предеводникот на „Кралевите“, Зинедин Зидан, е во голема неволја поради повредените играчи затоа што нема да може да смета на Герет Бејл, Тони Крос, Лука Модриќ, Менди, Лукас Васкез, Дани Карвахал и Начо, а во последен момент исто така отпадна и Еден Азар.

Белгиецот требаше да го предводи Реал вечерва против Мајорка, но на изненадување на сите, „мадриѓани“ објавија дека играчот не е на списокот на Зидан.

За многумина не беше јасно зошто Азар нема да игра на овој меч, а од тимот објаснија дека тоа е поради приватни причини.

Сепак, шпанските медиуми дознаа дека Зидан му дозволил на својот играч да остане во Мадрид, бидејќи неговата сопруга се породила утрово. Азар го доби четвртиот син поради што нема да биде дел од мадридскиот тим, а на негово место е ставен Маријано Дијаз.