Реал не се задоволува со Мбапе, идната година ќе ја донесе и младата ѕвезда на Баер

Флоријан Вирц сезонава игра фантастично во дресот на Баер Леверкузен и е еден од најзаслужните за тоа што неговиот тим е на милиметри од првата титула во својата историја.

Иако има само 20 години, тој е еден од носителите на играта на Баер и со своите голови донесе многу бодови за „фармацевтите“. За него веќе се заинтересирани неколку европски гиганти, како Ливерпул, Манчестер Сити и Баерн, но во трката по неговиот потпис се вклучува и Реал кој има план за него за 2025 година.

„Реал подготтвува огромна понуда за Флоријан Вирц за 2025 година. Цената би можела да достигне вртоглави 100 милиони евра, а Реал одлучи да тргне по него бидејќи Мусиала од Баерн е недопирлив“, пишуваат шпанските медиуми.

Оваа сезона Вирц има ефект од 11 гола и 17 асистенции на 37 настапи во сите натпреварувања.