Реал може без Мбапе, ама не може без пенали (ВИДЕО)

Реал Мадрид најмалку во следните 48 часа ќе биде лидер на табелата во Ла Лига откако вечерва го совлада својот вечен „пациент“ Сосиедад со 4-1.

Натпреварот поради повреда го пропушти Килијан Мбапе кој остана на клупа, но и без него Реал дојде до шестата победа по ред во првенството која го остава во игра за шампионската титула и во трка со Барселона. Сепак, она што не изостана и овојпат беа пеналите во корист на мадридскиот клуб.

 

 

Вечерва доби два (имаше еден и за Сосиедад) и тоа е четврти меч во низа во првенството на кој Реал добива барем еден удар од белата точка. Двата пенала денеска предизвикаа големи полемики на социјалните мрежи каде љубителите на фудбалот продолжија со своите обвинувања дека Реал има огромна судиска помош последните месеци. Ако се земат предвид пеналите, мадридскиот тим сезонава доби дури 13, додека на второто место во оваа статистичка категорија е Жирона со седум.

Двата пенала во голови ги претвори Винисиус, а покрај него погодија, но од игра, уште Гонзало и Валверде. Единствениот погодок за Сосиедад го постигна Ојарзабал, исто така од пенал. Реал сега има 60 бода, два повеќе од Барселона и ќе го чека исходот од каталонското дерби меѓу Жирона и Барса кое се игра в понеделник.

фото: EPA photo