Реал Мадрид со „бомба“ до Јунајтед: Им нудат ѕвезда плус 100 милиони евра за Погба!?

Реал Мадрид веќе долго време се обидува да го обезбеди потписот на Пол Погба од Манчестер јунајтед, но нивните досегашни обиди не успеаа. Сепак, претседателот Флорентино Перез има нов план за да го обезбеди потписот на квалитетниот француски фудбалер за врска.

Според шпанските медиуми, „кралевите“ се подготвени да понудат интересен предлог до „ѓаволите“, кој ќе биде пакет од Герет Бејл плус неверојатни 100 милиони евра.

Бејл во моментов вреди околу 80 милиони евра, па доколку се додаде тоа на останатите пари, се добива сума од неверојатни 180 милиони евра за Погба, што би можела да биде примамлива понуда за Јунајтед.

За потписот на Французинот е заинтересиран и Јувентус, но италијанскиот шампион има помала шанса да го купи затоа што не може да парира на понудата на шпанскиот гигант.