Реал Мадрид подготви нов договор за Крос

Германскиот фудбалер Тони Крос сè уште не кажал дали сака да остане во Реал Мадрид, иако шпанскиот гигант веќе подготви нов договор.

Крос има договор со „кралевите“ до 30 јуни 2024 година, па сега сè останува на Германецот кој ќе го има последниот збор.

„Кралскиот клуб“ наводно му нуди едногодишен договор на Крос, но засега не се откриваат финансиските детали од понудата.

„Пензија или нов договор? Мора да почитуваме без разлика што ќе реши Крос“, кажа неодамна тренерот Карло Анчелоти.