Реал Мадрид одлучи: Кејлор Навас мора да си оди!

Искусниот голман на Реал Мадрид ќе си замине на крајот од сезоната. Костариканецот имаше можност да потпише за Манчестер јунајтед, но ја одби понудата затоа што сакаше да остане во Мадрид.

Сепак, Навас доби лоши вести затоа што се уште актуелниот европски првак му соопшти дека мора да си замине, затоа што повеќе не сметаат на него. Тој бранеше добро во првиот мандат на Зинедин Зидан, но во моментов е замена за Тибо Куртоа и јасно е дека нема да има голема минутажа.