Реал Мадрид ја продолжи соработката со еден од своите клучни играчи во средината

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид ја продолжи соработката до 2023 година со еден од своите клучни фудбалери во средниот ред, Касемиро.

Мадриѓаните и Касемиро имаа договор до идното лето, но „кралевите“ побрзаа да ја завршат процедурата за нов договор, таман пред редстартот на сезоната, зашто Касемиро во тимот на Зинедин Зидан е клучен во дефанзивниот дел на средината и без него е незамислив овој Реал Мадрид, најмногу за стабилноста на тимот во дефанзива.

Според медиумите, Бразилецот добива 9,5 милиони евра годишна плата, што е скоро двојно повеќе од тоа што досега го заработуваше од 5,5 милиони евра. Тој во Реал дојде уште во 2013 година од Сао Паоло, а потоа во сезоната 2014/15 беше дел од Порто, пред да се врати на „Сантјаго Бернабеу“ и потоа да освои три европски титули во низа.

Сезонава Бразилецот има 35 меча за мадридскиот великан, убедливо најмногу од било кој друг играч на „кралевите“, што доволно говори каков статус има во тимот кај Зидан.