Раздор во Атлетико: Диего Коста е љубоморен на Гризман, сака да си оди?!

Иако се делуванаизглед мирно и идилично, во шпански Атлетико Мадрид владее голем раздор и соблекувалната е пред експлозија. Во главна улога е контроверзниот Диего Коста, а причина – парите

И сето тоа поради француската ѕвезда Ентоан Гризман, кој летово стана светски првак со Франција, ама многу повеќе беше во фокусот поради најавите дека ќе замине во Барселона. Сепак, Гризман се реши да остане во својот клуб, но за тоа доби неверојатна плата. Гризман во Атлетико сега ќе заработува 20 милиони евра годишно, што многу не му се допаѓа на Коста.

Шпанскиот репрезентативец веќе покажал големо незадоволство и практично е љубоморен, што два ипол пати има помала плата од Французинот. Диего Коста има осум милиони евра годишно и сега побарал нов подобрен договор. Ако, Атлетико не му го исполни барањето, се заканил дека ќе си оди.

Дури Бразилецот со шпански пасош веќе има и каде да оди – во Кина. Кинезите му нудат богатство за да дојде, па останува одлуката на Диего Симеоне и управата на црвено-белите.