Рамос тренираше во дрес на Коби Брајант (ВИДЕО)

Серхио Рамос се приклучи на плејадата спортски ѕвезди кои му оддадоа почит на трагично загинатиот Коби Брајант.

Тој на денешниот тренинг на Реал Мадрид се појави во дрес на кошаркарската ѕвезда, што го носеше во американската репрезентација. Пред да започне тренингот на „кралевите“ имаше и минута молчење во чест на кошаркарската суперѕвезда.