Рамос се враќа дома: Севилја му нуди договор каков што не се одбива!

Серхио Рамос уште не знае каде ќе игра следната сезона затоа што наскоро му завршува договор со Реал Мадрид, а шпанските медиуми шпекулираат дека Шпанецот има големи шанси да потпише за неговиот поранешен клуб Севилја.

Капитенот на „кралевите“ добил понуда каква што не се одбива од тимот од Андалузија. „Ел Чирингито“ ги објави деталите кои треба да ги задоволат апетитите на шпанскиот дефанзивец.

Севилја му нуди петгодишен договор со плата од седум милиони евра по сезона, како и позиција на функционер во клубот по завршување на кариерата, па сега се очекува само позитивен одговор од Рамос.

Рамос привлекува интерес и од други европски гиганти, меѓу кои ПСЖ и Манчестер сити, па наскоро се очекува негова конечна одлука.