ПСЖ им се врати на победите: Мбапе со јубилеен 100-ти гол за „светците“ (ВИДЕО)

ПСЖ славеше со 3-1 на гостувањето кај Монпелје во рамки на 13.коло во Лига 1. Шампионот им се врати на победите по пауза од две кола на кои запиша пораз од Монако и ремизираше со Бордо. 

Колин Дагба го отвори резултатот за гостите и го доведе ПСЖ во предност по 33 минути игра. Мавидиди израмни во 41-та минута. ПСЖ дојде до трите бода во финишот, бидејќи прво Моиз Кин погоди во 78-та минута за 1-2, а третиот гол за „светците“ беше дело на Килијан Мбапе.

За 21-годишниот Французин ова беше јубилеен 100-ти гол во дресот на парижаните. Сега е на четвртото место на вечната листа на стрелци во ПСЖ.