Прва награда за Македонецот: Столе Димитриевски е МВП на колото во Ла Лига (ВИДЕО)

Македонската „единица“ Столе Димитриевски пред пет месеци потпиша за Рајо Валјекано и заигра во најсилнаат светска лига, шпанската Ла Лига, па денеска ја доби и првата голема награда – МВП на последното 18-то коло.

Ла Лига на својата официјална фејсбук-сраница денеска објави дека Димитриевски е најдобар играч на колото, зашто против Валјадолид беше херој со две страшни интервенции и одбранет пенал, по што Рајо победи со 1-0 и освои големи три бода во трката за опстанокот.

Димитриевски веќе е еден од најомилените фудбалери кај навивачите на малиот мадридски клуб, особено што во последните неколку месеци брани во извонредна форма и многу тешко прима голови.