Прв триумф за Леванте и Барди - со пресврт го „треснаа“ Вилјареал (ВИДЕО)

Леванте успеа со пресврт да го запише првиот триумф во Ла Лига, откако славеше со 2-1 против Вилјареал.

Гостинската екипа по само три минути поведе со 1-0 преку Морено, а до крајот на полувремето утна премногу шанси за зголемување на водството.

Моралес пропушти шанса во 65. минута од пенал да израмни на 1-1, но само три минути подоцна Роџер погоди за 1-1.

Во 73. минута Роџер беше стрелец на уште еден гол на мечот, па така ги постави конечните 2-1 на дуелот.