Прв пораз за Атлетико, Бетис ги изненади „јорганџиите“ (ВИДЕО)

Eкипата на Атлетико Мадрид го претрпе првиот пораз сезонава во Ла Лига откако Бетис беше подобар од „јорганџиите“ со минимални 1:0.

Бетис одигра одличен натпевар, создаде повеќе прилики за гол, но на крајот како одлучувачки се покажа автоголот на Хозе Марија Хименез на стартот од натпреварот.

Дефанзивецот на Атлетико си ја погоди сопствената мрежа по една лоша реакција во четвртата минута.

Атлетико по овој пораз останува четврти со 20 бода, Бетис е на петтата позиција со два бода помалку.