Пристигна во Јувентус во јули, а сега сака да го напушти клубот! (ФОТО)

Кога пристигна во Јувентус за време на летниот преоден рок, Мерих Демирал, сигурно не очекуваше ќе биде пред излезна врата од тимот од Торино за кого запиша само еден настап.

Овој 21-годишен Турчин пристигна од Сасуоло за 18 милиони евра, но поради големата конкуренција во „Старата дама“ не се наметна кај тренерот Маурицио Сари. Токму поради оваа ситуација, според пишувањата во италијанските медиуми, Демирал изразил желба да го напушти Јувентус уште во јануарскиот трансфер рок.

Неколку клубови би сакале да го видат во своите редови, а меѓу нив се споменуваат Арсенал, Тотнем и Манчестер Јунајтед.

Следното лето се игра Европското првенство на кое ќе настапи и Турција, така што Демирал размислува за тоа и сака да игра постојано за да биде подготвен за ова големо натпреварување.