Премиерлигаш заработи жестока казна поради нелегален обид да ангажира фудбалер!

Англиските медиуми пишуваат дека Евертон добил забрана за трансфери и парична казна во изност од 500.000 фунти.

Причината за тоа е преговарање со млад фудбалер, кој имал договор со друг клуб, па сега „карамелите“ нема да може да ангажираат фудбалери кои имаат помеѓу 10 и 18 години во наредните 24 месеци.

Екипата од „Гудисон парк“ произведе некои големи таленти, а најпознат е Вејн Руни, додека во екипата во моментов се наоѓаат Том Дејвис, Доминик Калверт-Луин, Мејсон Хогејт, како и Адемола Лукман.

Случајот поради кој е казнет Евертон е од 2016. година, а тогаш тие се обиделе да ангажираат фудбалер на Кардиф.