
„Преговаравме со Меси, но ние не сме ПСЖ“
Меси во 2021 година потпиша двегодишен договор со ПСЖ и го облече дресот на францускиот гигант, а Занети кажа дека не можеле да се натпреваруваат со понудата на парижаните.
„Бев изненаден кога Меси замина од Барселона. Не можевме да се натпреваруваме со ПСЖ и клубовите од Премиерлигата. Меѓутоа, имавме преговори со Меси“, кажа Занети.
Меси има договор со францускиот првак до крајот на сезоната, а во тек се преговори за продолжување на соработката.