Пред шест години барал работа на интернет, а сега игра финале во Лигата на шампионите

Навивачите на Ливерпул 11 години чекаа на финале во Лигата на шампионите, на 26 мај Ливерпул во Киев ќе ги одмери силите со Реал Мадрид.

Во стартната постава на клубот од „Енфилд Роуд“ речиси сигурно ќе се најде Ендрју Робертсон.

Левиот бек го засили Ливерпул минатото лето и се покажа како вистинско засилување за тимот на Јирген Клоп.

Нецели 12 месеци подоцна Робертсон ќе го игра натпреварот на кариерата, а интересно е пред шест години преку Твитер бараше работа.

Тогаш имаше 18 години и играше за шкотскиот третолигаш Квинс парк ФК, не за славниот КПР, туку за шкотската верзија за сиромашни.

„Животот без пари во овие години е срање, ми треба работа“, напиша во 2012 година на Твитер.