Пред две години беше обвинет за семејно насилство, сега е пред трансфер во Јувентус

Едногодишниот престој во Гетафе се покажжа како одличен потег за англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд кој со тоа си ја отвори можноста за кам-бек на голема врата во елитниот фудбал.

Некогашниот стандарден првотимец на Манчестер Јунајтед пред две години беше обвинет за семејно насилство, две сезони беше надвор од терените, но во Гетафе покажа дека не заборавил да игра фудбал. Во меѓувреме обвиненијата се отфрлени и тој може да се насочи само на својата професија.

Јунајтед сака летово да го продаде и на него да собере пари за засилувања, а Јувентус е силно заинтересиран да го донесе во своите редови. Преговорите траат извесен период, „ѓаволите“ бараат 40 милиони евра и се чини дека е можно да се постигне договор.

Освен Јувентус, за Гринвуд е заинтересиран и Наполи, па конечната одлука околу трансферот треба да ја донесе самиот тој.