Прашање на време е кога Мурињо ќе седне на клупата на Реал Мадрид

Зинедин Зидан нема да има премногу простор за киксови и грешки, бидејќи и покрај тоа што испиша историја со Реал Мадрд и освои три Лига на шампиони по ред, клубот нема да толерира слаби резултати. 

Шпанскиот весни „АС“, тврди дека не се поставува прашањето дали Жозе Мурињо ќе биде следниот тренер на „кралевите“, туку тоа е прашање на време. Португалецот пред извесно време доби понуда да седне на клупата на Лион, но претседателот на францускиот клуб призна дека Мурињо го одбил, бидејќи веќе е решен каде ќе ја продолжи кариерата.

Мурињо одби и неколку други понуди откако лани во декември беше отпуштен од Манчестер јунајтед. Тој беше тренер на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, а овој клуб и натаму остана во неговото срце и смета дека има незавршена работа. „Специјалниот“ е миленик и на претседателот на клубот Флорентино Перез.