Познато е кога може Мурињо да седне на кормилото на Реал Мадрид

Зинедин Зидан се наоѓа под дополнителен притисок по поразот од Мајорка во шпанската Ла Лига, но и покрај тоа ќе се обиде да го врати Реал Мадрид на победнички патеки, а доколку не му успее тоа против Галатасарај, тогаш тоа ќе биде негов крај.

Шпанските медиуми утринава објавија дека Французинот би можел да добие отказ, доколку „кралевите“ загубат на гостувањето во Истанбул, а како замена се споменува Жозе Мурињо, кој претходно во кариерата го предводеше Реал.

Наводно, Португалецот утринава имал телефонски разговор со претседателот на шпанскиот гигант, Флорентино Перез, па доколку Зидан добие отказ, Мурињо ќе биде прв кандидат за „жешкото“ столче на „Сантијаго Бернабеу“.