Познати сите детали: Јувентус парите за Роналдо ќе ги добива дури на пет годишни рати!

Финансиската криза не ги одминува ниту најголемите клубови, поради што Манчестер Јунајтед отштетата за Кристијано Роналдо на Јувентус ќе му ја плаќа на дури пет годишни рати и тоа секоја по три милиони евра.

Сумата од 15 милиони евра може да се зголеми за уште дополнителни осум милиони евра, што зависи од бројот натпревари и освоени трофеи на Португалецот со „ѓаволите“. Оваа информација денеска ја потврди самиот клуб од Торино, кој истовремено емотивно се збогува со својата најголема ѕвезда.

Роналдо мина три сезони во Јувентус и освои низа трофеи, но Јувентус и со негова помош не успеа да стигне подалеку од четвртфиналето на Лигата на шампионите, чие освојување беше примарна цел при ангажманот на португалскиот репрезентативец.