Повредата е минато: Несторовски подготвен за пролетна офанзива кон Серија А!

Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски е потполно залечен и ќе може да го предводи Палермо на стартот на пролетниот дел од сезината во Серија Б, со мечот против Салернитана идниот петок, објавија италијанските меидуми.

Несторовски речиси еден месец беше во аут, откако го повреди мускулот на потколеницата (листот) и имаше повреда од втор степен, што значеше пауза од еден месец. Но, на последните тренинзи по новогодишните празници, Несторовски потврдил дека повредата не минато и сега влегува во конкуренција за настап.

Тренерот Стелоне сега ќе може да смета на макеоднскиот напаѓач, што е големо засилување за тимот на стартот на вториот дел и почетокот на пролетната офанзива кон место во Серија А. Палермо ја заврши есента како првопласиран и е прв фаворит за да се врати во калчолигашката елита.

Несторовски трета сезона по ред е дел од сицилијанскиот тим, во кој сезонава како препороден игра и вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски.