Потрагата заврши трагично: Загина голманот на Малатијаспор (ВИДЕО)

Турскиот голман Ахмет Ејуп Туркаслан е пронајден мртов под урнатините по силниот земјотрес кој ја погоди Турција.

Малатијаспор соопшти преку социјалните мрежи дека нивниот голман не го преживеал земјотресот, а тоа го потврди и тренерот на екипата.

„Нашиот голман настрада во земјотресот. Почивај во мир. Нема да те заборавиме“, објави турската екипа.